СДСМ: Потврдено, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се извор на лажни вести

пред 3 години

Студија на Европската унија и амбасади во државава само го потврдија она што граѓаните одамна го знаат, дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се извор на лажни вести, дезинформации и манипулации, велат од СДСМ.

„Мицкоски глуми загриженост за македонскиот идентитет, а факт дека не се преговара, ниту ќе се преговара за идентитетот и за македонскиот јазик. ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше граѓаните дека наводно повеќе земји членки на ЕУ се против интеграцијата на Северна Македонија. Мицкоски глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а организира протести на кои, малубројните приврзаници не ги почитуваат мерки за заштита“, велат од партијата.

Протестите, додаваат од СДСМ, се единствено за спас на фотелјата на Мицкоски во белиот дворец во стечај, кој е фабрика за лажни вести, измислици и дезинформации, на штета на националните и на државните интереси, на штета на граѓаните.

„Граѓаните на 15 јули одбраа државата да продолжи напред кон развој и интеграција, а Мицкоски го оставија во опозиција, изолиран во сопствениот очај, во сопствената хистерија“, велат од СДСМ.

Scroll to Top