СДСМ: Системот за масовна вакцинација функционира во најдобар ред

пред 3 години

Здравствениот систем со одлична динамика го спроведува процесот на масовната имунизација против коронавирусот. Од ден во ден се зголемува темпото на вакцинација во нашата држава, системот функционира доста успешно и без потешкотии.Освен во Скопје, од оваа недела започна масовната имунизација и во вакциналните пунктови во Тетово, Битола, Кавадарци, Охрди, Штип и Куманово, а се очекува во наредните денови да се отворат вакциналните пунктови за масовна имунизација во Велес и Прилеп рече на прес конференција пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ.

„Досега во нашата држава се вакцинирани над 119.000 граѓани. Од нив 21.890 граѓани се вакцинирани со две дози на вакцини. Пријавени за вакцинација се вкупно 256.346 граѓани, а интересот за вакцинација се зголемува од ден на ден. Друг позитивен податок е тоа и дека над 30% од повозрасните граѓани, односно над 70 години се вакцинирани барем со една доза, а оваа бројка секојдневно забрзано расте. Дека процесот на масовна имунизација се одвива одлично покажуваат и вчерашните податоци, каде само за еден ден се вакцинирани 13.725 граѓани“ – рече Коциќ.

Scroll to Top