Силјановска: Во ребалансот не гледам пари за образованието, тоа е многу лоша политика

пред 4 години

„Она што зачудува и разочарува е што не гледам инвестирање во образованието“, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, професор Гордана  Силјановска Давкова на вториот ден од расправата на Комисијата за финансирање и буџет на тема ребаланс на Буџетот.   
 
„Нема подобра инвестиција од онаа во човечки капитал. Нема подобра инвестиција од онаа во млади, а кај мене во близина на Правниот факултет има недовршени згради, а пари не се предвидени за тоа. Тука треба да биде Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство“, посочи Силјановска.

Таа укажа дека очекувала во период на Ковид-19 криза младите ќе се вратат во земјава.

„Мислев дека со Ковид-19 многу млади ќе се вратат дома, така беше и во Бугарија. И мислев ако го ставиме акцентот на нив и овде имаат шанса да се вратат. Но тоа не се случи“, рече Силјановска посочувајќи дека бројката на млади невработени во Македонија е околу 30 илјади невработени.

Дека е алармантна ситуацијата, посочи Силјановска, се гледа и по енормните задолжување.

„Голема е опасноста ако го пречекорите задолжување и надмине на 60 проценти од БДП. Значи Македонија е во лоша ситуација“, рече професор Силјановска.      

Scroll to Top