Синоќа 20 лица го прекршиле полицискиот час

пред 3 години

Синоќа од 22 часот до 5 утрово, забраната за движење ја прекршиле 20 лица, соопшти МВР.

Во текот на изминатото деноноќие пак, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 417 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.

Scroll to Top