12 лица го прекршиле полицискиот час, а 409 добиле казни за неносење маска

пред 3 години

Полицискиот час во периодот од 22 часот синоќа до 5 часот утрово го прекршиле 12 лица, информираат од МВР.

Од таму додаваат и дека во текот на изминатото деноноќие во однос на мерката за носење заштитна маска како превениција од коронавирусот регистрирани се 409 прекршоци.

Министерството воедно апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за да се спречи ширењето на Ковид-19.

Scroll to Top