22 лица го прекршиле полицискиот час

пред 3 години

22 лица го прекршиле полицискиот час во периодот од 20.00 часот на 18.04.2021 до 05.00 часот на 19.04.2021, информира министерството за внатрешни работи.

Од таму додаваат дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, за мерката за носење лична заштита на лице, биле регистрирани 537 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел спречување на ширењето на Ковид-19.

Scroll to Top