Скопјанец фатен при извршување кражба

пред 3 години

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 23.40 часот на улица „Димитрие Чуповски“, го лишиле од слобода скопјанецот Т.А. (36), затоа што бил затекнат при извршување тешка кражба во продажен објект, соопшти МВР.

– При преглед кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени во објектот, информираа од Министерството.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top