Стружанец фатен при кражба во куќа

пред 4 години

Околу полноќ  на ул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го привеле П.Г.(40) од Струга, затоа што бил затекнат при кражба во куќа. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Извор: makfax.com.mk

Scroll to Top