Скопјани удирале по комбето на медицинската помош оти им било кажано дека мора да носат маски

пред 3 години

Екипа на Итната медицинска помош синоќа пријавила инцидент што се случил на улицата Стокхолмска.

Вработените во медицинската помош добиле повик дека на Т.А. и се влошила здравствената состојба. Екипата била пречекана од В.А.(54) од Скопје, Д.А.(49) од Скопје и уште три други лица. Кога едно од медицинските лица им укажало да стават маски за да можат да интервенираат, лицата почнале да ги навредуваат и омаловажуваат, и да удираат по комбето.

На местото на настанот излегле полициски службеници и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Scroll to Top