Сметководителите најавија протест пред Влада

пред 3 години

Група на сметководители најавија дека утре ќе излезат на протест пред Владата во 12 часот.

Велат дека Барањето за пролонгирање на роковите за доставување на даночните и финансиските извештаи, доставено до Влада минатата недела, е изгубено низ бирократските лавиринти, исто како и реалната потреба и предлози за нов Закон за вршење сметководствени работи изминативе три години.

Нагласуваат дека 10.000 сметководители ја живеат ерата на легислативна хиперинфлација, со законските измени и постоечките одредби во услови на пандемија, коишто во практицирањето ги извршуваат овластените сметководители. Сето тоа, без некој да води сметка за притисокот кој го преживуваат за да одговорат на сите предизвици при имплементирањето на законските решенија.

„Наметнатите кратки рокови и недоречености во законските решенија, примена на истите на среден рок ќе се причинско последична врска за квалитетот на даночното односно финансиското известување, кое што известување е сигнификантно за даночната и економската политика на државата. Ве известуваме дека приморани сме своите права да ги оствариме со организиран протест пред Владата. Искрено се надеваме на прием од страна на представници од Влада на РСМ воедно и представници од сите институции задолжени за измените согласно барањата на сметководителите“ наведуваат сметководителите преку соопштение.

Scroll to Top