СОНК: Приоритетни за вакцина да бидат вработените во градинките и установите од образование и култура

пред 3 години

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) бара вработените во градинките и во установите од образование и култура да бидат на листата на приоритетни за вакцинирање и барањето го пратил до министерствата за труд и социјална политика, за образование и наука и за култура.

– СОНК цени дека вработените во овие дејности коишто се хронично болни и со висока КОВИД-возраст, како и оние работници кои се со физичко присуство на своите работни места и се во постојан непосреден контакт со луѓе, заради заштита на сопственото здравје и ширење на вирусот, потребно е да бидат на оваа приоритетна листа, особено заради важноста на дејностите во коишто работат, соопшти Синдикатот.

Со тоа, според Синдикатот, би се намалил ризикот од заболување, инстутуциите би работеле непрекинато и без посериозни проблеми и би се избегнало, како што наведува, „неконтролираното вакцинирање надвор од државата и ризикот што произлегува од тоа“.

Scroll to Top