Спасовски: Создаваме подобри услови за граѓаните и за вработените во МВР

пред 3 години

Создаваме подобри услови за граѓаните и за вработените во Министерство за внатрешни работи, рече министерот Оливер Спасовски, кој денеска во Кавадарци, присуствуваше на пуштањето во употреба на новите простории на Одделението за управни работи.

– После подолго време, нови простории и нов концепт за работа за управните служби, ова се наши простории кои беа дел од Регионалниот центар „Југ”. Целосно се реновирани, опремени, подготвени врз основа на концептот за управни работи. Тука кавадарчани ќе можат да ги добијат сите лични документи. Ова е нешто што претставува дел од заложбите на Министерството за внатрешни работи, мои лични заложби и на раководството. Да направиме подобри услови за граѓаните полесно да ги остваруваат своите права, но и подобри услови за работа на вработените во Министерството за внатрешни работи. И тоа е дополнителна мотивација за успешна работа, нагласи Спасовски.

Тој потенцира дека многу е направено во изминатиот период за подобри услови во работењето, преку еден ваков нов концепт, а ако има можности, подвлече, полициската станица се одделува од Одделението за управни работи.

– Од септември, со моето враќање во Министерството, интензивно продолживме да реализираме вакви проекти.
Ова е добро за кавадарчани, но и за вработените во Одделението за управни работи во Кавадарци. За ден или два ќе заврши целосната реконструкција на полициската станица од општа надлежност во Кавадарци, Одделението за внатрешни работи, додаде министерот Спасовски.

Наведе дека целосно е завршен објектот на ОВР Крива Паланка, додека до крајот на годината треба да заврши комплетната реконструкција на ОВР во Гевгелија. Спасовски потсети дека е завршен и предаден во употреба објектот на Полициското одделение Жеровјане, аеродромската база во Петровец и се работи на реконструкција на простории на полициската станица во Чаир.

– Вложување во човечки ресурси, подобрување на условите на полициските службеници и најважно од се, вложувања за граѓаните да почувствуваат сериозна промена, што значи подобро работење на сите оддели во Министерството за внатрешни работи, рече министерот Спасовски и им се заблагодари на сите кои учествувале во реализација на овој проект.

Scroll to Top