ВИДЕО: Реконструирана полициската станица во тетовско Жеровјане

пред 3 години

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со повеќе функционери од Министерството изврши увид на реализираните градежни работи во реконструираниот објект во кој е сместено Полициското одделение од општа надлежност во Жеровјане, Општина Боговиње.

Реконструкцијата е извршена и со помош на граѓаните кои донираа средства и помогнаа во обнова на објектот, за што Спасовски им додели благодарници.

– Дојдовме да видиме она што го направија заедно граѓаните од Жеровјане и заедницата, командирот, колегите од полициското одделение заедно со МВР за целосно реконструкција и обнова на овој објект кој педестина години не е обновен. Ова е дел од нашите врвни приоритети како раководство да створиме добри услови за работа на службениците. На тој начин да ги мотивираме да придонесат повеќе за општата безбедност. Благодарност до бизнисмените и граѓани кои учествуваа со финансиска поддршка за реконструкција на овој објект. Ова е важно сите заедно да бидеме општествено одговорни и да придонесуваме да ги јаканеме нашите институции, помагањето во безбедноста е вложување во иднината на заедничката земја во стабилноста и мирот. Ако има безбендоста ќе има развој на економијата и нови вработувања. Затоа сакам бизнисот на овие луѓе да се множи да се унапредува уште повеќе, истакна министерот Спасовски.

Спасовски потенцира е мирна и стабилна безбедносната состојба на ова подрачје, по брифирањето од командирот на полицискиото одделение. Воедно посочи дека резултатите на одделението се подобри од претходно.

-Тоа покажува дека сериозно се работи во подобрувањето на безбедниот амбиент. Ова треба да биде добра мотивација за сите полициски службеници, да дадат уште повеќе од себе и да обезбедат сите заедно подобри безбедносни услови затоа што тоа се врвните приоритети. Македонската полиција постои токму за граѓаните кои не финансираат со даноци кои даваат можност и обврска за нас оние кои што раковидиме со институциите грижливо и внимателно да се однесуваме кон државата кон имотот и населението, истакна Спасовски.

Инаку, вредноста на градежните активности во процесот на реконструкција на објектот е 2.526.363.00 денари или околу 40.747 евра, а 18.700 евра се обезбедени од донации од граѓани.

-Во постапката на реконструкција на објектот изведени се голем дел градежно-занаетчиски работи: целосна замена на старите дрвени со ПВЦ прозорци, што ќе придонесе за зголемување на енергетската ефикасност и поголеми заштеди, изработена е нова фасада, извршена е целосна санација на санитарните јазли и замена на внатрешните врати со нови, монтиран е нов влезен портал, инсталирано парно греење, кое ќе придонесе во подобрување на условите за работа, од една страна, но и зачувување на животната средина од аерозагадување, од друга. Направено е целосно внатрешно реновирање, а надворешниот дел околу објектот е уреден со поставување на бекатон плочки и заштитна ограда, изјави Спасовски.

Командирот Насер Зенуни информираше дека во 2020 година по службена должност од 40 пријавени кривични дела, 29 се реализирани, односно поднесени се соодветни пријави против сторителите, а од 24 пријавени кривични дела кои се водат по приватна тужба, реализирани се 18. Кај 11-те пријавени прекршоци против јавниот ред и мир, пак, се бележи стопроцентна реализација.

Станицата во Жеровјане опфаќа 9 населени места со 13 илјади жители и покрива подрачје од 185 квадратни километри.

Scroll to Top