Средба на министерот Спасовски со шефот на Канцеларијата на ИОМ во Скопје, Божиновска Петрушевска

пред 4 години

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и државната секретарка во министерството за внатрешни работи, Магдалена Несторовска, денеска имаа работна средба со шефот на Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) во Скопје, Соња Божиновска Петрушевска.

На средбата, организирана во насока на натамошно продлабочување на досегашната плодна соработка меѓу МВР и ИОМ, соопштија од МВР, се разговарало за низа актуелни теми од сферата на миграциите.

Шефицата на Мисијата на Меѓународната организација за миграции во Скопје, Соња Божиновска Петрушевска изразила благодарност до министерот Спасовски за имплементацијата на заедничките иницијативи, со уверување дека остануваат на располагање за идните планови и потреби од заеднички интерес, кои се во домен на мандатот на ИОМ во Република Северна Македонија.

Scroll to Top