Средба Османи-Курти во Приштина

пред 3 години

За време на официјалната посета на Приштина, шефот на дипломатијата Бујар Османи оствари средба и косовскиот премиер Албин Курти, на која била нагласена взаемната подготвеност и интерес за одржување заедничка седница на владите на двете држави во најскоро време, со што ќе се реафирмираат пријателските односи меѓу двете држави, ном ќе биде и поттик за нивно натамошно продлабочување, особено преку големиот број договори за билатерална соработка, што се очекува да бидат потпишани денеска.

Како што соопшти МНР, посебен осврт беше направен врз проектите за инфраструктурно поврзување – автопатот Скопје-Блаце и автопатот Тетово-Призрен, како и зголемувањето и подобрувањето на капацитетите на граничните премини меѓу двете земји, со воведување на концептот за заеднички контроли, кои во дополнителна мерка ќе ја олеснат комуникацијата на граѓаните од двете држави и бизнис заедницата.

Беше истакнат и интересот за заеднички проекти на двете држави во шарпланинскиот реон.

Соговорниците разговараа за актуелните внатрешно политички состојби во двете земји, со акцент на активностите на Владите на двете земји во справување со пандемијата и во овој контекст, напорите за намалување на последиците, пред се здравствени и економски, од воведувањето на рестриктивните мерки по овој повод.

Во рамките на посетата на Приштина, министерот Османи оствари средба и со двајца почесни конзули на нашата држава во Република Косово, со кои беа разменети мислења за можностите за унапредувањето на билатералната соработка, пред се преку нивниот ангажман на економски и културен план, стои во соопштението на МНР.

Scroll to Top