Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотрајните инструменти биле извор на радијација

пред 4 години

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10 честичките не работат, велат од Министрството за здрава и животна средина. Од 17 мерни станици инструментите за мерење на PM10 не се фунција на 4 мерни места и тоа: Гази Баба, Миладиновци, Битола 1, Струмица и во мобилната станица која моментално е лоцирана во Ѓорче Петров. Министерството тврди дека мерниот инструмент за мерење на РМ10/PM2.5 од мобилната мерна станица во Ѓорче Петров и мерните инструменти за РМ10 од мерните станици во Карпош и Струмица биле исклучени поради технички проблем. Мерните инструменти, пак, за мерење на PM10 во Битола 1 и Миладиновци се исклучени поради осцилации во мерењата кои се последица на дотраеноста на самите инструменти и на нивниот извор за радијација, бидејќи оптимална оперативна работа на еден инструмент е 10 години, велат од Министерството. Додаваат дека мерниот инструмент за мерење на СО од мерната станица Ректорат е исклучен поради технички проблем, додека инструментите за мерење на O3, CO, SO2 и NO-NO2-NOx од мерните станици Карпош и Центар не се во функција бидејќи престанок на работата на фабриката на производителот Orion, и за нив немало резервни делови. Истите треба да се заменат со нови мерни инструменти од други производители. Од Министерството посочуваат дека годинававо тек се повеќе активности за набавка на нови мерни инструменти. Реализацијата на дел од набавката е со донаторски средства, а дел со буџетски средства на МЖСПП. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top