Стопирана расправата за буџетот, се тестираат пратеници по позитивниот тест на Муцунски

пред 3 години

Работата на собраниската Комисија за финансирање и буџет е стопирана, поради позитивниот тест за коронавирус на пратеникот Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата требаше да продолжи во 11 часот, но почетокот е одложен бидејќи по барање на Собранието се тестираат членови на Комисијата и вработени кои биле во контакт со Муцунски.

Екипа на Институтот за јавно здравје веќе земала брисеви кои се дадени на испитување.

„Комисија за финансирање и буџет нема да започне во 11 часот. Пред малку е завршено земање на брис од страна на Институт за јавно здравје на вработените во комисија и на дел од пратениците кои биле во контакт со претседателот на комисијата Тимчо Муцунски“, велат од Собранието.

На Комисијата за финансирање и буџет со денови се расправаше за буџетот за 2021 година, односно се разгледуваа амандманите поднесени од пратениците.

Инаку, Муцунски за позитивниот тест на корнавирус објави во саботата на социјалните мрежи.

„Пред малку добив резултат дека сум позитивен на Ковид-19. Чувајте се и чувајте ги вашите семејства. Вирусот воопшто не е наивен“, напиша Муцунски.

Scroll to Top