Тешка сообраќајка во Куманово – една кола превртена, една заглави во оградата на Бедински мост

пред 3 години

Тешка сообраќајна несреќа се случи доцна попладнево на улицата „11 Ноември“ на т.н. „Бедински мост“ во Куманово. Според првичните информации, во несреќата учествувале три возила.

Засега нема информации за повредени во тешкиот судир, по кој на мостот остана заглавен „Голф двојка“, а еден од автомобилите кои учествувале во сообраќајката стоеше превртен на покривот, на средината од улицата.

Од СВР Куманово велат дека се уште трае увидот во несреќата, по што ќе соопштаат повеќе информации.

Scroll to Top