Тешко повредено 15-годишно момче удрено од автомобил во Скопје

пред 4 години

На 24.10.2020 во 16,30 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Александар Македонски“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Т.В. од Крива Паланка удрило во пешак на возраст од 15 години од Скопје, соопшти МВР.

Во незгодата момчето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, додаваат од МВР.

Scroll to Top