Топалов: Македонците да ги признаат своите историски корени, па патот ќе им биде отворен

пред 3 години

„Имаме договор со Република Северна Македонија од 2017 година, но тие не го почитуваат, туку се обидуваат да го заобиколат со различни планови“. Ова за БНР го изјави проф.Кирил Топалов, член на мешовитата комисија меѓу Бугарија и Македонија за разјаснување на историските спорови меѓу двете земји.

Неговиот коментар беше по повод акциониот план на македонската Влада, за смирување на тензиите со Бугарија.

Професорот беше категоричен дека Бугарија секогаш ја гледала Северна Македонија како роднина, а обратно – Македонија гледа на Бугарија со жестоко непријателство.

„Бугарија го признава идентитетот на Македонците, тоа е од 1944 година, но поентата е дека тие ја фалсификуваат историјата“, рече Кирил Топалов.

Според него, доколку Македонците сакаат корисно и значајно да разговараат со Бугарите, тие прво мора да го проценат повторно својот, како што вели, лажен поглед на историјата: „Може ли дел од бугарското население, меѓу кои има бегалци од Македонија, да прифати дека нивните прадедовци и дедовци не биле Бугари и зборувале небугарски јазик. Ова е апсурдно! Од нив се бара само најмалата работа – да ги признаат нивните историски корени, па оттаму нивниот пат ќе биде отворен секаде“.

Тој истакна дека непризнавањето на историските корени дава основа за злобна антибугарска пропаганда во Република Северна Македонија, а Бугарите се нарекуваат фашисти или татари.

Топалов предвидува дека која партија и да победи на изборите во април, курсот на Бугарија нема да се промени: „Македонците не треба да имаат големи надежи дека по изборите Бојко Борисов или друг победник ќе заземе друга позиција. Линијата на национално-историско достоинство никој нема да ја промени. Тоа би било политичко самоубиство, а во Скопје треба да го знаат тоа“.

Scroll to Top