Фаучи: Луѓето кои ќе се вакцинираат не треба да престанат да носат маски

пред 3 години

Ентони Фаучи, водечкиот американски владин експерт за заразни болести, ги предупреди Американците откако фармацевтската компанија „Модерна“ објави дека нивната вакцина има ефикасност од дури 95%.

Фаучи во интервју за Си-ен-ен изјави дека било која вакцина против коронавирус ќе биде дополнителен слој на заштита.

„Се разбира, со вакцина која има ефикасност поголема од 90%, можеме да се чувствуваме многу подобро. Но, јас сепак би им препорачал на луѓето, откако ќе бидат вакцинирани, да не ги отфрлаат другите мерки за заштита на јавното здравје како што се миење раце, носење маски и држење на растојание“, рече тој.

Scroll to Top