Возило излета од патот, тројца повредени на патот Куманово – Свети Николе

пред 3 години

Вчера во 16.20 часот било пријавено дека во Куманово, на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.П.(40) од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во незгодата, сопатничката З.П.(68) од Куманово се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и друга сопатничка С.П.(60) од Куманово се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Scroll to Top