Третоодделенец од Неготино позитивен на коронавирусот, во изолација 18 ученици и двајца наставници

пред 4 години

Ученик од трето одделение во неготинско училиште е позитивен на коронавирус. Поради тоа, во изолација се 18 соученици и двајца наставници.

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центарот за јавно здравје Кавадарци, кој ја потврди оваа информација, вели дека во изминатите 24 часа евидентирани се 28 случаи позитивни на Ковид-19 во Кавадарци, три во Росоман, 17 во Неготино.

„Новозаболените се на возраст од осум до 82 години. Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолираат“, вели Јовановски.

Scroll to Top