Убиство на скопјанец во тетовско расчистено по три и пол години, убиецот бил гостиварец

пред 3 години

Тетовската полиција соопшти дека расчистила убиство во околината на градот, извршено во ноември 2017 година, а за која, според СВР Тетово, е одговорен сега 26-годишен жител на Гостивар.

„Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за општ и насилен криминал заедно со СВР Тетово до ОЈО Тетово поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „убиство“, предвидено и казниво по член 123 од Кривичниот законик, против лицето А.А.(26) од Гостивар,“ се вели во полициското соопштение.

„По преземени низа на мерки и активности од страна на полициските службеници, расчистено е кривичното дело „убиство“, извршено во ноември 2017 година, при што А.А. со огнено оружје го убил Б.И. од Скопје и неговото безживотно тело го оставил на локалниот пат кај с.Стримница, тетовско,“ додаваат од полицијата.

Scroll to Top