Угостителски објект на Бит Пазар работел после 21 часот, ќе биде поднесена пријава

пред 3 години

Полициски службеници од СВР Скопје во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, синоќа во временскиот период од 21:30 до 23:20 часот, извршиле контрола во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, при што било констатирале дека објектот работел, односно не се придржувал до пропишаното работно време и во него биле затекнати 22 лица, од кои еден малолетник, кои се лишени од слобода.

Како што соопшти МВР, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Scroll to Top