Пријава за тетовец чиј угостителски објект работел и покрај забраната

пред 3 години

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.И.(31) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. На 5.11.2020 во 22:15 часот, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во Тетово, утврдиле дека објектот работи и во него имало повеќе гости послужени со пијалаци.

На тој начин сопственикот постапил спротивно на одлука на Владата која се однесува на ограничување на работата на угостителските објекти, барови и кафетерии до 21:00 часот.

Scroll to Top