Утре без струја ќе бидат делови од Аеродром, Кисела Вода и Сопиште

пред 3 години

Поради технички зафати во електро-системот, без електрична енергија утре ќе останат дел од општините Кисела Вода, Сопиште и Аеродром, информираат од ЕВН.

Во период од 09:00 до 10:00 часот без струја ќе останат сите стопански и нестопански субјекти на булевар „Борис Трајковски“ што се напојуваат од следниве трафостаници: Градинар Лозар, Типо, Електроконтакт, Дизајн Пинтија и Ник Велк во општина Кисела Вода.

Без електрична енергија од 09:00 до 13:00 часот ќе бидат корисниците од село Долно Соње кои гравитираат кон село Говрлево во општина Сопиште.

Во време од 10:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од зграда број 31 на улица „23 Октомври“ во општина Аеродром.

Scroll to Top