Фатен гостиварец кој украл женска чанта од возило

пред 3 години

Вчера околу 18.10 часот, на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Е.М.(42) од селото Долна Бањица, Гостиварско кој претходно извршил кражба во возило и при тоа одзел женска чанта со повеќе предмети.Одземените предмети му се вратени на сопственикот, а против пријавениот ќе биде изготвен соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Scroll to Top