Филипче: Ако опозицијата не го кочеше заемот од Светска банка, сега наместо една ќе имавме 16 опремени модуларни болници

пред 3 години

Опозицијата се однесува апсолутно нерационално и апсурдно, организира протести на кои не си почитуваат мерките за заштита, а не оди на избори, наводно поради пандемијата – рече Министерот за Здравство Венко Филипче вечерва на партиска трибина во Штип за промоција на кандидатот за градоначалник Сашко Николов.

– Што да се каже за луѓе на кои во потсвеста им стои името на премиерот Зоран Заев, ги оптеретува, со тоа се будат и заспиваат и свесни се дека прават нешто што не треба. Ако опозицијата не го кочеше заемот од Светска банка, сега наместо една модуларна болница, кај Инфективната клиника, ќе имавме 16 опремени модуларни болници, сега ќе бевме подготвени, пациентите со ковид ќе беа сместени надвор од болниците, за сегашните болници да останат за другите пациенти, рече Филипче, нагласувајќи дека во брза динамика ќе се реализира нивно поставување.

Филипче ги повика граѓаните на Штип на 13. декември да излезат на изборите кои како што рече ќе биле целосно безбедни по јавното здравје. својот.

Scroll to Top