Фудбалски судија од Драслајца натепан во Кравари

пред 4 години

Она што требало да биде празничен фудбалски натпревар во битолското село Кравари, се претворило во тепачка во која настрадал 41-годишниот главен судија судија на мечот од струшко Драслајца.

Судијата А.С. вчера во 18.00 часот во полициското одделение во селото Велушница пријавил дека околу 15.45 часот во
Кравари, на фудбалски натпревар, бил физички нападнат од А.Р.(25) од Битола, Ј.Ќ.(23) и А.М.(32), двајцата од с.Грнчари, ресенско.

Во исто време, друг наводно оштетен, Ј.Ќ., пријавил дека додека бил во прекин фудбалскиот натпревар во Кравари, бил физички нападнат од Г.Л.(43) од Струга, помошникот на главниот судија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Scroll to Top