Четворица позитивни на Ковид-19 на Радиологија меѓу кои и директорот

пред 4 години

На Универзитетската клиника за радиологија позитивни на Ковид-19 се четворица вработени меѓу кои и директорот Даниел Ѓурчинов. Сите се во добра состојба и на домашно лекување, потврдија од Министерството за здравство.

Посочуваат дека на Клиниката нема застој во работењето, бидејќи од четворицата заболени, двајца се вработени во администрација, а еден е техничар.

Scroll to Top