Директорот на Токсикологија: Сите кои се причестивте со исто лажиче, го обечестивте трудот на белите мантили

пред 3 години

Директорот на Клиниката за токсикологија, Нико Беќировски, реагираше на начинот на кој вчера се правеше причестата во повеќе црковни храмови низ Македонија. Беќировски смета дека верниците со причестата со исто лажиче, го обесчестиле десетмесечниот труд на медицинските работници кои спасуваат животи на заболени со коронавирус.

„Сите Вие кои вчера со едно исто лажиче по храмовите се причестивте, десетмесечниот деноноќен труд на белите мантили го обесчестивте. Кога на 19 јануари ќе Ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се “бањаме” за да симнеме дел од потта под скафандерите и талкот под ноктите. П.С. Отворете ги кафеаните, таму барем даваат едно лажиче за еден гостин“, напиша Беќировски.

Освен реакцијата на докторот, реакции и барања за казнување на Македонската православна црква поради непочитување на мерките за заштита од коронавирусот имаше и од граѓани на социјалните мрежи. Ова е вторпат како МПЦ не отстапува од причеста со исто лажиче. Првиот пат, верниците се причестија за Велигден, а сега и за Божиќ.

Scroll to Top