Шест лица повредени во експлозија на плинска боца во Матејче

пред 3 години

Шест лица се повредени во експлозија на плинска боца во Матејче.

Според информациите на МВР, несреќата се случила синоќа. Во 21:45 часот во СВР Куманово од Општата болница – Куманово било пријавено дека кај нив биле донесени шест лица С.С.(34), В.И. (31), Н.Н. (31), З.С.(27), М.Н.(44) и Б.Ш.(36), кои се здобиле со тешки телесни повреди по експлозија на плинска боца во викендичка во село Матејче на место викано Матејачки колиби.

Повредените биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Известен е јавен обвинител и извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Scroll to Top