Шеќеринска: Кривична и политичка одговорност за сите што потфриле со бегството на Миајлков

пред 3 години

На новинарско прашање дали ќе има одговорност за бегството на Сашо Мијалков, министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска одговори, дека во овој случај ниту Владата ниту правосудните органи не смее и нема да затворат очи.

„Мислам дека и реакциите во јавноста но и реакциите во институциите покажаа дека ќе бараме решителна акција од страна на сите институции кои се повикани да обезбедат акција и ќе бараме одговорност“, рече Шеќеринска.

Posted by Radmila Sekerinska on Вторник, 23 февруари 2021

Според неа прашањето е дека органите на прогонот ќе мора да дадат одговор на прашањето кој ја доставил информацијата и кој го информирал Мијалков, како и одговор на прашањето кој го обезбедил и овозможил неговото бегство.

„И двете очекувања се целосно оправдани и на нив ние мора да дадеме одговор. Кога велам ние, зборувам и за Извршната власт и за правосудните органи кои по овие прашања не можат ниту да молчат ниту да бегаат од одговорност. Политичка одговорност ќе има. Кај сите органи кои потфрлиле ќе мора да бараме и политичка но од некои луѓе ќе мора да бараме и кривична одговорност“, додаде Шеќеринска.

Оцени дека бегството на Мијалков не се случило само заради превид.

„Ова се случило очигледно заради тоа што некој од малкумината кои што знаеле ја споделил таа информација со човекот кој требаше да се соочи со правдата. Ова покажува дека луѓето кои долги години чекаат да им завршат судските постапки стануваат свесни дека веќе нема игра со овие правни прашања, нема игра со правната држава“, истакна министерката за одбрана од Армискиот полигон Криволак.

Scroll to Top