Штајнакер: Конфликтот меѓу Бугарија и Северна Македонија е политичко прашање, срамота е што германското претседателство не го реши

пред 3 години

Конфликтот меѓу Бугарија и Северна Македонија не е правно, туку политичко прашање. Срамота е што германското претседателство не беше во можност да го реши овој проблем. Владеењето на правото е клучно прашање, смета поранешната германска амбасадорка, Гудрун Штајнакер.

Штајнакер го искажа ваквиот став во писмен коментар, додека траеше онлајн панелот „Како да се врати проширувањето на ЕУ на вистинскиот пат? Да се даде приоритет на владеењето на правото и реформите во судството“, на кој учествуваат потпретседателката на Европскиот парламент, Катарина Барли и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

Во однос на владеењето на правото што беше една од клучните теми на панелот покрај процесот на проширување, Штајнакер оцени дека „политичките елити во Западен Балкан главно не се заинтересирани за функционирање на владеењето на правото, бидејќи тоа може да ја загрози нивната моќ“.

-Што треба да биде различно во пристапот на ЕУ во иднина за справување со кризата на владеење на правото во Западен Балкан, праша поранешната германска амбасадорка.

Scroll to Top