Шутаров: Арсовска нема пари за субвенционирање парно за скопјани, а има 670.000 за партиски вработувања

пред 2 години

Градоначалничката на Скопје, Данела Аросвска нема пари за парно за скопјани, а одвојува 670.000 евра од парите за вдомување партиски војници, обвини генералниот секретар на СДММ и советник во Советот на Град Скопје, Гордан Шутаров.

Тој наведе дека наместо да менаџира, Арсовска  постојано да бара пари и помош од Владата, вклучувајќи и средства за парно, додека Владата обезбедува 80 отсто од трошоците за актуелната цена на парното греење.

„Истовремено додека бара пари, Аросвска вработува 109 партиски војници на ВМРО – ДПМНЕ. Тоа се 70 проценти од парите кои Арсовска треба да ги одвои за парното за скопјани, за кое владата покрива 80 отсто од цената. Арсовска не сака да даде 1 милион евра за парно за скопјани да не добиваат повисоки сметки за парно, но затоа немаат проблем да потрошат 670.000 евра за вдомување на партиски кадри. Несериозни и неодговорни се тврдењата дека Буџетот веќе бил донесен, секој Буџет па и оној на Град Скопје може да претрпи измени, односно да се направи ребаланс, особено во периоди на глобални кризи, како што е енергетската криза. Арсовска, Славевски и ВМРО-ДПМНЕ нека направат ребаланс, нека се откажат од вдомувањето партиски кадри во Град Скопје и ќе успеат да најдат еден милион евра за да се субвенционира покачувањето на топловдната енергија“, изјави Шутаров.

Како што додаде, недозволиво е градоначалничката на Скопје да покажува целосна негрижа за своите сограѓани и да бара оправдување за нејзината тотална неспособност.

Scroll to Top