Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома

пред 4 години

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави статус на „Фејсбук“ со кој ги негира информациите дека таа избегала откако Врховниот суд вчера ѝ ја потврди четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“. „Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството“, напиша Јанкулоска. Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме… Posted by Гордана Јанкулоска / Gordana Jankuloska on Сабота, 19 септември 2020 Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна на Јанкулоска. Исто така, Врховниот суд ги потврди и пресудите за експремиерот Никола Груевски и помошникот во МВР, Ѓоко Поповски. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top