Љубе Бошкоски: Храброста да се каже вистината е прогресивен и потребен чекор во македонската политика

пред 3 години

Лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, вечерва се огласи преку Фејсбук со коментар околу последните случувања поврзани со Бугарија и со интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција Бгнес, кое предизвика многу полемики во земјава.

„Храброста на политичарите да ја кажат вистината е прогресивен и потребен чекор во македонската политика,“ напиша Бошкоски и додаде:

„Демократијата бара различни мислења, ставови како и дебати на битни теми.

Но, неминовна и ноторна потреба е да се реши една работа која со децении се пролонгира (проблем кој го влечат повеќето екс-ју републики).

Да се отворат архивите на УДБА и да се види кој кодошел на Белград.

Можеби, тие што сега најмногу креваат врева ќе се најдат на списоците…“, напиша Бошкоски на Фејсбук.

Scroll to Top