760 лица се лекуваат во ковид центрите во Скопје и низ земјава

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани девет нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 324 лица се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град информира Министерството за здравство.

Вкупната бројка пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 760 и има околу 915 празни болнички кревети.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало два приеми. Во Ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало три примени пациенти и четворица билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 34 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 99 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 115 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 96 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 8 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 5 болни.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 436 пациенти.

Во болницата во Битола е хоспитализирани 51 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 11 пациенти, во Велес се лекуваат 50 болни, а во Куманово 53 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 39, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 40 пациенти, во Кочани 19 во Кичево 9, Кавадарци 25, а во Гевгелија 6 лица. .

Scroll to Top