За еден ден во Скопје казнети 139 возачи, од кои 31 за брзо возење

пред 3 години

Полицијата во текот на вчерашниот ден (19. февруари) продолжи со засилени сообраќајни контроли на подрачјето на град Скопје.

Како што информираат од МВР, притоа се изречени вкупно 139 мерки, од кои 8 за возење без возачка дозвола, 31 за управување со брзина поголема од дозволената, 2 мерки за возење под дејство на алкохол, 2 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 5 за поминување на црвено светло, 12 мерки за користење на мобилен телефон, 3 за некористење на сигурносен појас и 46 санкции за непрописно паркирање.

Од ресорното министерство нагласуваат и дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Scroll to Top