265 санкционирани возачи во Скопје, 31 за возење без возачка дозвола

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 265 мерки, од кои 31 мерка за возење без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани и технички неисправни возила, седум санкции за управување под дејство на алкохол, 14 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 20 мерки за користење на мобилен телефон, 13 мерки за некористење на сигурносен појас, 14 санкционирани пешаци, соопштува МВР.

Од Министерството велат дека со засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top