Во Скопје 278 санкционирани возачи, 30 биле без возачка дозвола

пред 3 години

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 278 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 30 санкции, соопштија денеска од МВР.

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, во текот на вчерашниот ден од вкупниот број санкции во Скопје, 16 се мерки за нерегистрирани возила, 12 се санкции за користење мобилен телефон. Изречени се и пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 80 мерки за непрописно паркирани возила, 48 возила се подигнати од „пајак“ службата и 18 санкции за неносење заштитна маска.

Од МВР наведуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top