Во Драчево санкционирани 92 возачи, 18 без возачка дозвола

пред 3 години

На територијата на Драчево изречени се вкупно 92 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, девет за користење мобилен телефон, шест за возач почетник, пет за некористење сигурносен појас, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Дополнуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top