41 прекршување на забраната за движење, 451 санкција за неносење маска

пред 3 години

Од 20.00 часот вчера вечер до 05.00 часот утрово констатирано е дека 41 лице не ја почитувале забраната за движење, информира МВР.

Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 451 прекршок.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Scroll to Top