53 нови пациенти во ковид центрите во Скопје во последните 24 часа

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 53 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 566 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1334 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 20 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 17 примени пациенти и 13 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не билe примени болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина, е примен еден нов пациент.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти. Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 224 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 131 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 144 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 4 мајки, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 30 болни.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 768 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 111 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 70 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 36 пациенти, во Велес се лекуваат 82 болни, а во Куманово 92 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 85 пациенти, во Прилеп 77, во ковид центарот во Гостивар 27, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 68 пациенти, во Кочани 21 во Кичево 29, Кавадарци 38, а во Гевгелија 16 лица.

Scroll to Top