Tимчо Муцунски е секретар за меѓународна соработна на ВМРО ДПМНЕ

пред 4 години

Во текот на вчерашната вечер се одржа првата седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ при што се разгледувала актуелната политичка и економска ситуација, како и се донесоа повеќе кадровски решенија како дел од катарзата во ВМРО-ДПМНЕ. Извршниот комитет донесе повеќе кадровски одлуки.. Извршниот комитет донесе одлука за именување на Владимир Нелоски за нов претседател на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ. Извршниот комитет донесе одлука за именување на Тимчо Муцунски и Владимир Ѓорчев за меѓународни секретари на ВМРО-ДПМНЕ. Извршниот комитет донесе одлука за именување на Иванка Василевска за координатор на централните комисии при ВМРО-ДПМНЕ. Извршниот комитет донесе одлука за избор на Игор Здравковски за претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Велес. Воедно Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за распишување оглас за избор на нови претседатели на општинските комитети и тоа: • БЕРОВО • БОСИЛОВО • БОГДАНЦИ • ДЕЛЧЕВО • ДОЈРАН • КОЧАНИ • КРИВА ПАЛАНКА • КРУШЕВО • МАВРОВО И РОСТУШЕ • НОВО СЕЛО • ПРИЛЕП • РАДОВИШ • СТРУМИЦА • ВАСИЛЕВО • КУМАНОВО

Извор: vecer.mk

Scroll to Top