Австралија: Полицијата открила половина тон екстази сокриени во багер

пред 3 години

Австралиските власти објавија дека откриле скоро половина тон екстази скриени во багер увезен од Велика Британија.

Во истрагата започната во март, 226 вреќи со вкупно 448 килограми екстази се пронајдени во пратка испратена од Саутемптон до Бризбејн. Полицијата проценува дека уличната вредност на запленетата дрога е 60 милиони американски долари. Пет лица се уапсени во Сиднеј и Лондон, пренесува Ројтерс.

Scroll to Top