Албанските политички партии и натаму се финансираат од криминал, вели комесарот за избори

пред 3 години

Албанскиот државен комесар за избори, Илирјан Челибаши, на денешната конференција на тема „Цената на демократијата“ што се одржа во Тирана, рече дека и понатаму како проблем останува „финансирањето на партиите кое потекнува од светот на криминалот или нелегалните бизниси“.

Тој нагласи дека ако политичките партии бидат транспарентни и дејствуваат легално, земјата ќе има општествен напредок.

-Многу значаен е односот на парите и политиката во изборите. Природно се поставува прашањето зошто е толку важен тој однос. Затоа што постои голема загриженост кај граѓаните. Односот помеѓу парите и политиката може да ги натера да имаат поголема надеж во финансиските интереси отколку граѓаните. Вклучувањето на сите фактори е одлучувачко во пристапувањето кон овој проблем, какво е финансирање, како одат парите кај политичарите, како влијаат врз нив, стандардот на демократијата и развојот на земјата,рече тој.

Оцени дека доколку има легитимитет и одговорност, владата ќе биде поодговорна, а општеството ќе има поголем општествен напредок.

-Треба да се следи купувањето и продажбата на гласови, финансирање од надворешни сили, кои ја загрозуваат и

националната безбедност. Финансирањето на партиите е предвидено со посебен член во Уставот. Донациите од бизнисот може да доведат до злоупотреба во политичките финансии,смета Цилибаши.

Посочи дека финансиските извори на партиите јавно се објавуваат а измените во изборниот законик имаа за цел да воспостават појасни правила и попрецизни процедури.

На конференцијата која се одржува на неполни три месеци пред парламентарните избори(25 април) амерканската амбасадорка Јури Ким, порача дека треба да бидат фер и транспарентни, полтичките партии да не ставаат криминалци и корумпирани лица на кандидатските листи а од граѓаните со право на глас побара да не го продаваат својот глас.

Scroll to Top