Пленковиќ за состанокот со Додик: Имавме нормална работна средба

пред 4 години

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ изјави дека доаѓањето на српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, во Загреб е поради одржување на нормална работна средба од која медиумите не треба да прават драма.

Хрватскиот премиер рече дека Додик долго време сакал да оствари средба со него.

„Мојот став за БиХ е јасен, таа е наша пријателска, соседна земја, која ја поддржуваме на патот кон внатрешните реформи и НАТО“, изјави Пленковиќ.

Тој соопшти дека сега е потребно да се води дијалог со цел да се решат оперативните теми за двете земји.

„Ако станува збор за автопат што би ги срушил куќите на Хрватите кои живеат таму, тогаш моја работа е како хрватски премиер да го повикам господинот Додик и да прашам дали таа рута може да оди преку некој друг пат“, додаде хрватскиот премиер.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top