Бајден најави кандидатура за претседателските избори во 2024 година

пред 3 години

Американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека ќе учествува на следните претседателски избори во 2024 година. Бајден со 78 години е најстариот претседател досега. Тој на почетокот на евентуалниот втор претседателски мандат би имал 82 години.

Бајден на првата своја прес конференција по стапувањето на должноста, на 20 јануари, вчера одговараше на бројни прашања од новинарите, а меѓу нив беше и тоа за потенцијалната кандидатура за следните претседателски избори.

Тој на новинарите им соопшти дека е подготвен да се кандидира во 2024 година, како и дека се чувствува физички способен за уште еден мандат.

Scroll to Top